Досега во Словенија се потврдени шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници, а сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми.
Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега.
На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА.
Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и генерално не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија е регистриран на 24 мај, кај маж кој допатувал од Канарските острови.
Светската здравствена организација (СЗО) досега потврдила 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.