Дарко Шариќ од Плевља, кој беше уапсен за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка, наводно имал седум шифрирани и сателитски мобилни телефони кои ги користел за организирање криминал.

За тие апарати платил  500.000 евра, а позната личност ги доставила во неговата  ќелија, пишува „Ало.рс“.

Телефоните имале шифрирани апликации Sky и Ana, кои на корисниците им нудат највисоко ниво на заштита на содржината.  Шариќ ги користел овие уреди и платформи од 2014 година до повторното апсење за да организира убиства и шверц на големи количества дрога од Јужна Америка во Европа.

Шариќ скапо ги плати телефоните, надевајќи се дека полицијата нема да му влезе во трага на пораките што тој ги разменил со своите соработници на слобода, особено затоа што содржината по извесно време била избришана.

Сепак, тоа беше само мамка која Шариќ ја гризна како и многумина пред него. Европол и Евроџастис успеале да ја пресретнат комуникацијата што тој ја имал од ќелијата со членовите на неговата група цели осум години што резултирало со негово апсење .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.