Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата да биде специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми повијкувајќи се на словенечкиот весник Дело.

Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање.

Понатаму од кабинетот на претседателот Пагор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции, за „поранешен претседател“ со одреден персонал и портпарол.

Имајќи го во предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов да изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.