Една жена е убиена, а шест лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се повредени во престрелка, што се случиla во угостителски објект во Тирана, сопственост на Фатјон Мурати, познато име во светот на криминалот, јавија албанските медуми.
Убиената жена на возраст од 60 години, била вработена во ресторанот како шанкер, девојчето кое се здобило со повреди на раката од скршеното стакло од престрелката, е нејзина внука, која ја чекала баба си да и заврши работното време, а останатите повредени се на возраст од 42 до 55 години и се хоспитализирани.
Возило „БМВ“, во кое биле напаѓачите било пронајдено целосно изгорено во село Ликметај, додека полициските сили сеуште трагаат по нив. Исто така, поставени се и контролни пунктови од полицски комесаријати на Драч, Елбасан, Лежа и Пешкопеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.