На иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, светот имаше можност за прв пат во зградата на Обединетите нации да види лица и да слушне лични приказни за страдањата на српскиот народ во Босна и Херцеговина.

– Ова е првпат светот да ги види сестрите Душка и Светлана Станиќ, кои како девојчиња на возраст од 6 и 8 години биле однесени во кампот во Рашчани каде биле мачени и малтретирани. Светот ги виде Рајко Драганиќ, кој ги затекна сопругата и родителите мртви, (искасапени) со ќерката и Душан Магазин, чии родители беа заклани кога тој беше момче. Како што му кажале, тие биле убиени од муслимански офицери и офицери на ХВО во Коњиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.