3,5 па 3,2 степени. Серија земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина, пренесува 4news.mk.

Според ЕМСЦ, првиот земјотрес е регистриран во 21 часот и 45 минути со јачина од 3,5 степени по Рихтер. Епицентарот е на 31 километар северо-западно од градот Мостар. Потресот го почувствувале над 100 илјади граѓани. Епицентарот бил на длабочина од 5 километри.

Девет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени или така наречен афтершок. Сеизомолозите велат дека се очекуваат и понатаму афтершокови после првичниот удар. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.