Две српски семејства доживеале вистински хорор, за време на летувањето во Грција, кога во рок од неполни 24 часа, им ги украле автомобилите.

На едното семејство автомобилот им е украден заедно со сите работи внатре, за време на паузата во Солун, која ја направиле кога се враќале во Србија.

Сакам да споделам и предупредам, а истовремено да побарам помош. Во вторник со семејството, сопругот и децата се враќавме за Србија и на паркингот на Џамбо во Солун се задржавме во купување. Тогаш ни го украдоа автомобилот со се сите работи внатре. Автомобилот е марка КИА Спортаж, со крагуевски таблички. Пријавено е на полиција, ама се уште ништо нема, гласи една објава на корисничка на Фејсбук групата „Грчка инфо“.

Друго семејство останало без автомобил за време на првото утро кога допатувале во Грција. Нивен пријател се огласи во нивно име во групата „Грчка инфо“.

На моите пријатели украден им е автомобилот во Грција пред куќата во која се сместени во Пефкохори. Вечерта стигнале, изутрината го немало. Пријавиле во полиција, но се уште никој не излегол на терен. Бела Тојота Рав, понова КШ таблички, напишал пријателот на семејството кое останало без автомобил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.