Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на својот Фејсбук профил објави честитка до Албанија за отворањето на преговорите во Европската Унија.

„Денеска е голем ден за Албанија, граѓаните на Албанија и сите Албанци насекаде се среќни. Срдечни честитки до граѓаните, политичката елита, премиерот Еди Рама и сите кои придонесоа да се дојде до овој ден, отворање на преговорите со Европската Унија.Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на својот Фејсбук профил објави честитка до Албанија за отворањето на преговорите во Европската Унија.

Овој ден е важен за иднината на регионот и на Балканот воопшто. Европската перспектива е единствениот пат од кој не се осмелуваме да се движиме и покрај авантурите на некои политичари и национализми кои продолжуваат да ги држат во заложништво соништата на граѓаните за европска иднина.

Бескрајно благодарни за солидарноста на Албанија со Македонија, која со години остана со нас, жртвувајќи и губејќи години чекајќи да го направиме ова патување заедно. Благодарност до премиерот Еди Рама кој и денеска ја потврди оваа солидарност со тоа што нивната прослава ја претвори во кампања за сензибилизација на Cеверна Македонија.

Неговата визија треба да послужи како пример што треба да го следат и политичарите во нашата земја, кои за жал се чини дека останаа заложници на минатото и конфликтите со соседите“, пишува Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.