Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 12.159 нови случаи на ковид-19, што е околу половина од вкупниот број тестови направени во изминатите 24 часа. 32-ца пациенти починале во изминатиот ден. Вкупно 115 пациенти се приклучени на респиратори.

Во земјата доминира сојот омикрон на коронавирусот, а со денови не се смалуваат редиците пред ковид-центрите. Повеќе од десет дена, бројот на новозаразени е петтоцифрен.

Според експертите, невакцинираните и хроничните болни се најзагрозени во овој бран на епидемијата, поради што е важно што поголем број луѓе да се вакцинираат. И покрај тоа што сојот омикрон дава полесна клиничка слика, се зголемува и бројот на луѓе во болниците и бројот на починати, вели имунологот д-р Љиљана Софрониќ Милосављевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.