Околу 140.000 лица во Црна Гора живеат на работ на егзистенција, покажуваат најновите податоци, објави РТЦГ.
Со растот на инфлацијата се зголемува и бројот на оние кои сè потешко можат да си ги дозволат и основните намирници. Сиромаштијата секојдневно тропа на вратата на многумина. Таа не знае за граници, години, пол, вера или религија – наведува телевизијата.
Економската криза, но и пандемијата имале влијание за бројот на сиромашни да забележи пораст.
Претседателката на Банка за храна, Марина Медојевиќ истакнува дека секој трет жител живее во зона на сиромаштија, особено повикувајќи се на истражување од УНИЦЕФ, во кое, според податоците, сиромашно е секое трето дете во Црна Гора.
Од Црвениот крст велат дека во изминатата година има зголемување на семејства и поединци на кои потребна им е помош.
Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека за борба против сиромаштијата потребна е координирана акција од сите институции. Државниот секретар во Министерството, Дарко Стојановиќ нагласува дека борбата против сиромаштијата мора да биде широка акција.
Првенствено Владата на Црна Гора, а потоа и министерствата што се занимаваат со ова прашање, а не само Министерството за труд и социјална политика – вели Стојановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.