Во поголемиот дел од Србија утрово паѓа снег, а и во Белград досега наврнаа околу 20 сантиметри снег
Снегот кој почна да паѓа во текот на ноќта ја окова Србија и им направи проблеми на возачите во сообраќајот.
Како што беше објавено на социјалната мрежа Инстаграм, на страницата 192_rs, на Честородица има метеж, камиони се заглавени меѓу Таково и Љиг, а отежнат е сообраќајот и на планината Јелица.
View this post on Instagram
Возачите денеска ги очекуваат отежнати услови и завеан сообраќај на патиштата во Србија поради снег, мраз и ветер што создава наноси од снег, а маглата ја намалува видливоста на некои делници, соопшти Авто мото сојузот на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.