Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.
Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.
Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики, посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.
Dva dni uničujočih poplav: s helikopterjem rešili več kot 130 ljudi, vse razpoložljive policijske enote še vedno na terenu predano in požrtvovalno pomagajo ljudem.
Več ➡️https://t.co/DtGZToUZKE pic.twitter.com/ZK70UTYh5r— policija_si (@policija_si) August 5, 2023
Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да расте во Австрија.
Според хидролозите нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува освен во поплавените подрачја во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Не се исклучува можноста да расте нивото на помалите реки во западна и централна Словенија. Во делови од земјата постои опасност од лизгање на земјиштето.
Поради уништената инфраструктура поединечни делови од Словенија и понатаму се без електрична енергија, поради што еден од главните приоритети е снабдување на населението со агрегати.
Според метеоролозите попладне се очекуваат обилен дожд, град и силен ветер.
Reševalna ekipa s helikopterjem @policija_si od jutra na območju Črne na Koroškem. pic.twitter.com/zG1XYGsMKW
— policija_si (@policija_si) August 6, 2023
Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива и „веројатно повеќе од половина милијарда евра“.
И покрај поплавите не е загрозена нуклеарната безбедност на нуклеарната централа Кршко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.