Јован Вукотиќ (44), водачот на кланот Скалјар, кој беше брутално убиен во септември во Истанбул, влегол на територијата на Турција со фалсификувани документи на име Предраг Поповиќ, кои ги набавил на Косово.

Според  црногорскиот весник„Побједа“, Вукотиќ со лажни документи влегол на турска територија, земја од која во 2018 година бил протеран и депортиран во Србија, каде што поминал 15 месеци во Централниот затвор во Белград.

Менувањето на лицето е клучно

 Јован Вукотиќ илегално влегол во Турција со пасош што го добил на Косово под лажно име Предраг Поповиќ, додека претходно бил подложен на операција за промена на лицето – пренесува Побједа..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.