Натстрешник над влезниот дел на железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.
Голем број екипи на брзата помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува „Независне новине“.
Според очевидци, oдекнало како бомба.
Работиме во зградата спроти железничката станица. Кога падна, нашата зграда буквално се стресе“, вели соговорничката на „Дневник“.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.
Некои од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршникот, кој не бил опфатен со реновирањето.
Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.