Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет во врска со интервјуто на поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на интервјуто, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално сторено кривично дело, информираат за црногорските медиуми од Вишото обвинителство во Подгорица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.