Дваесетгодишната Невена В.(20) од Дубона кај Младеновац е тешко повредена во крвавиот пир на Урош Блажиќ пред осум дена. На социјалните мрежи сесподелува апел дека ѝ е потребна операција и вештачка рака за да продолжи со нормалниот живот, а оваа информација за српски „Курир“ ја потврди нејзин пријател.
Драги мои, во тешките денови по трагедијата која остави многу семејства во црно, сакаме да се солидаризираме и со љубов и добрина да го поправиме светот во кој живееме и во кој растат нашите деца за да го оставиме подобар за нив отколку што е сега. Прекрасната Невена е тешко ранета во нападот кај Младеновац на 4 мај. Има само 20 години. Како последица од тешките повреди, ампутирана ѝ е левата подлактица. Сепак, постои решение за подобар живот на Невена, вештачка, бионичка рака која би ѝ го направила животот полесен и би ѝ олеснила многу проблеми, но е многу скапа и недостижна за Невена и нејзиното семејство бидејќи чини околу 50.000 евра, а во зависност од тежината на повредата, државата плаќа максимален износ до 11.000 евра. Ги замолувам сите луѓе со добра волја кои се во можност да ѝ помогнат со уплата на пари директно на наменска сметка:
Број на тековна сметка: 160600000170217589 Банка Интеса
Цел на плаќање: Донација за Невена В.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.