На Фејсбук групата „Грција инфо“ се појави видео кое, благо кажано, исплаши многумина. Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките.

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе змија која, колку што може да се процени од видеото, била долга од 1,5 до 2 метри.

„Ова е да се умре веднаш“, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив.

Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека тоа не е змија отровница, дека тоа е нејзиното природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.