На пругата Прахово-Заечар-Књажевац-Ниш, кај селото Вратарница, синоќа се превртела цистерна што превезувала фосфорна киселина.

Како што објавуваат српските медиуми еден од 12. вагони, излетал од шините.

Инцидентот се случил во еден часот и пет минути по полноќ и сообраќајот е запрен на таа делница. На терен се пожарникарите и полицијата.

Оваа пруга неодамна беше реконструирана, а во близина е реката Тимок.

Возот сообраќал од пристаништето Прахово кон Шабац и превезувал фосфорна киселина за потребите на фабриката „Еликсир Зорка“.

Портпаролот на заечарската полиција Александар Богојевиќ изјави дека немало излевање киселина од цистерната ниту дека постои опасност тоа да се случи.

Четири дена по истекувањето на амонијак од резервоарите на товарниот воз кој излета од шините кај Пирот, надлежните велат дека ќе започне со отстранувањето на остатоците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.