Во периодот јануари – јули 2024 година патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,5 отсто, покажуваат прелиминарните статистички податоците од Службата за цивилно воздухопловство.

Оваа година, бројот на патници е за над три милиони повисок од лани, односно во изминатите седум месеци изнесува 42.538.219, наспроти 38.833.074 патници во истиот период лани.

Што се однесува на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,9 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба.

Лани, во периодот јануари – јули имало 306.982, а оваа година 328.272 летови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.