Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче, објави хрватски Индекс.

Страшно злосторство ја шокираше Хрватска. Според неофицијални извори, телото го пронашол член на семејството кој ја известил полицијата. Во тек е истрага.

Трагедијата се случила во Крапина каде што телото на бебето во саботата било пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето.

Од тој исход ќе зависи текот на кривичната истрага која ја води ПУ Крапина-Загорје под раководство на обвинителството.

Целиот случај го потврдија и од Државното обвинителство (ДОРХ), од каде наведуваат дека 22-годишната жена се товари за тешко убиство и соопштија дека ѝ е одредена мерка притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.