Како што претходно најавија метеоролозите за недела, падна првиот снег во Србија, откако во вчера  врнеше и во Словенија и Хрватска.

Во неделата дождовните облаци минуваат над Србија и се движат кон исток со делумно разведрување, најпрво претпладне на северот и западот на Србија. На врвот Копаоник и високите планини над 1.500 метри надморска височина може да осамне снег, најавуваат метеоролозите.

На социјалните мрежи се појави видео од првите снегулки од Копаоник. Датумот на првото појавување на снег и првата снежна покривка може да се разликуваат. Статистички гледано, мерлив снег се смета секој снег чија висина надминува најмалку еден сантиметар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.