На планините во Србија има зголемување на снежната покривка, а на Гоч каде има и до 30 сантиметри снег нема струја поради дефекти на далноводите од страната на Врњачка Бања и Краљево, јави дописникот на МИА од Белград.
Електрична енергија нема ниту во Студеница каде висината на снежната покривка е околу 10 сантиметри, а на падините на Голија наврнаа и до 20 сантиметри снег. Снегот е влажен и ги кине електричните кабли.
Снегот на Копаоник почна да паѓа синоќа од 23 часот и достигна висина од 16 сантиметри.
Поради обилниот снег што падна во текот на ноќта на подрачјето на областа Златибор, воведена е забрана за движење на товарниот сообраќај од Ужице до Нова Варош.
Во останатите краеви, коловозите се влажни, на места има влажен снег до пет сантиметри на територијата на Ивањица, Крушевац, Нови Пазар, Ужице, Пожега, Ваљево, Зајечар, Крагуевац и Мачва, па се препорачува внимателно возење, соопштија од ЈП Патишта на Србија.
Како што е најавено, во Србија врнежите од дожд во пониските предели ќе преминат во снег од средината на денот и попладне.
Повеќе врнежи ќе има на југозапад, југ, југоисток и исток од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.