Родителите на девојчето (13), кое рано утрината на 28 јуни, на плажата на Халкидики го усмрти гром, се во шок и не можат да поверуваат што се случило со нивната ќерка.
Според таткото на девојчето, семејните безгрижни моменти се претвориле во кошмар кога гром ги погодил неговата ќерка и сопругата. Девојчето починало на лице место, додека неговата сопруга е повредена.
Тој вели дека денеска фамилијарно отишле на пливање и дека кога почналo да врне, излегле од морето. Додека биле на плажа, пред нив удрил гром, а неговата сопруга и ќерката паднале на песокот.
„Моето девојче повеќе не стануваше“, вели неутешениот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.