Според најавите на албанските туроператори, годинава се очекува земјата да ја посетат над шест милиони туристи.
Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи, но летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае пет месеци.
– Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се охрабрувачки, очекуваме над 20 отсто повеќе туристи споредено со минатата година. Ако лани имавме 5,6 милиони сега очекуваме над шест милиони, што е враќање на бројката пред пандемијата, односно 2019 година, која беше најдобра туристичка година, оценуваат туроператорите.
Тие констатираат дека бројките би биле повисоки доколку не била војната во Украина, зашто само од оваа земја, Русија и Белорусија очекувале над 200.000 туристи. Додеја на подобрување на туристичката ситуација влијае и укинувањето на сите антиковид мерки од први овој месец.
Што се однесува до цените во хотелите тие се за 50 отсто повисоки поради светската енергетска криза, растот на цените на сите прехранбени производи, горивата. Тоа пак влијае на бројот на деновите на престој. За разлика од претходните години ако еден турист во просек престојувал по седум дена сега резервациите се за четири дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.