Сателитите Албанија 1 и Албанија 2 вчера беа лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида. Албанскиот премиер Еди Рамана Фејсбук сподели видео на кое се гледа моментот на лансирањето.

Речено, сторено. Лансирана е ракетата Фалкон 9, носејќи ги нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената, напиша Рама.

Рама истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.

Албанија од денеска има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територијата, обезбедувајќи во реално време важни податоци за голем број клучни аспекти за одржлив развој, рече албанскиот премиер, пренесува Косово онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.