Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори.

Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите, јави Ора њуз.

Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени.

Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи, се наведува во прилогот.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони.

На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“.

Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовс. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија, рекол тој.

Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“.

Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.