Американскиот Стејт департмент го одобри барањето на Хрватска за купување осум воени хеликоптери УХ-60М „Блек Хоук“ и ја проследи одлуката до американскиот Конгрес на усвојување.
Според порталот Балканска безбедносна мрежа, зделката е вредна 500 милиони долари и со овој чекор Загреб ја покажува својата желба целосно да ја „американизира“ својата хеликоптерска флота.
Американската агенција за одбранбена и безбедносна соработка наведува дека барањето на Хрватска, покрај хеликоптери, вклучува и широк список на оружје и дополнителна опрема, како и обука на летачки и технички персонал.
Хрватска во моментов има четири хеликоптери УХ-60M за воздушен транспорт, осум хеликоптери Бел 206 „Џет Ренџер“ за обука и 15 борбени извидувачки хеликоптери OХ-58Д „Кајова Вориор“ за борбено извидување и противоклопна борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.