САД ја поздравија изјавата на командантот на армијата на Србија дека дел од војската е повлечана од границата со Косово.

Ова синоќа на брифингот за новинарите го соопшти Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, кој истакна дека Вашингтон и понатаму е загрижен за тензичната ситуација на северот од Косово.

-Сеуште не сме направиле независна верификација на овие извештаи и се надевам на нивна потврда. Но ако ова е вистина, ние го поздравуваме овој чекор за кој повикувавме минатата недела, изјави Милер.

Милан Мојсиловиќ, началник на Генералштабот на српската армија, претходно за новинарите во Белград изјави дека бројот на војската распоредена долж границата е намален од 8,350 до 4,500 војници.

Милер изјави дека покрај телефонскиот разговор Блинкен-Вучиќ во петокот, САД подоцна имале разговори со српски официјални лица од понизок ранг, без да даде дополнителни детаљи.

Тој додаде дека  се надева оваа информација за повлекување на војската да се покаже точна, и дека Вашингтон и понатаму е „загрижен од растечките тензии и спорадичното насилство на северот од Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.