Кокаинот што неодамна беше запленет во Црна Гора и Еквадор, на кој беа испишани натписите С. Р.Б е брендиран и им припаѓа на лидерите на Кавачкиот клан Слободан Кашчелан и Радоје Звицер како и на нивниот огранок во Србија Велимир Беливук.

На пакетите јасно беа испишани нивните иницијали.

Буквата „С“ значи Слободан Кашчелан, „Р“ Радоје Звицер и „Б“ Вељко Беливук. Различниот распоред на буквите веројатно значи некаков внатрешен договор, како на пример кој ја договорил работата, каде и на кого ќе биде проследен тој дел од товарот и слично. Исто така, со „брендирањето“ на стоката веројатно сакале да им дадат до знаење на своите соработници, но и на конкурентите дека се уште се во игра.

Во Црна Гора во товар со банани наменет за ланецот маркети „Воли“ е пронајден половина тон кокаин со ознаки S. R. B. и R. S. B., кој пристигнал со брод од Јужна Америка. Во продолжение на оваа акција, еквадорската полиција заплени уште седум тони кокаин со истите ознаки!

Според податоците на еквадорската полиција, на една плантажа со банани најпрво бил откриен тон кокаин. Набрзо биле откриени уште шест тони кокаин, откако локалната полиција извршила претрес во куќата на еден од осомничените. Пронајдени се и пакети со ознаки S. R. B. и R. S. B, кои биле празни и во кои требало да се спакува дрогата пред транспортирање во Европа!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.