Победничката на регионалното шоу „Голмиот брат“, Маријана Зајферт исчезна на 27 април во Загреб и од тогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит чие тело пред два дена беше пронајдено во Дунав.
Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.
–Никој ништо не знае. И натаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам било што разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.
Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.
–Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.