Повеќето родители на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар од среда нема да ги вратат децата на училиште бидејќи сметаат дека е рано за тоа, изјави Војин Шаљиќ, татко на прваче од тоа училиште.

Тој при своето учество на „Впечаток на неделата“ на телевизија Нова го соопшти ставот на дел од членовите на Советот на родители на тоа училиште што се одржа вечерва, објави порталот Нова.рс.

Тој истакна дека ова не е официјален став на Советот на родители во целина, туку, како што рече, ги слуша потребите на децата и родителите за начин како да се реши ситуацијата“.

Тој рече и дека „речиси 60 отсто од родителите зазеле став дека децата нема да се вратат во таа зграда од среда“, и дека бараат реконструкција и преуредување на зградата за децата повторно да не ја доживеат таа траума.

Според неговите зборови, постои договор заедницата да се интегрира во целина, да се започне групна работа, да се собере одделението, да се преместат од местото на настанот, додека училиштето се реновира.

Тој додаде дека аргументот на претставниците на Министерството за образование е дека треба да дојдат во среда, дека ќе има психолози да дојдат да разговараат.

Тие изразија јасен став дека враќањето на училиште е неопходно единствено можно решение, со што не се согласуваме“, повтори Шаљиќ.

Помошникот на министерот за образование, Милан Пашиќ, претходно вечерва изјави дека учениците од тоа училиште ќе се вратат на настава од среда на 10 мај, но не на нормална настава, туку, како што наведе, ќе им биде обезбедена помош од експерти.

Тој за РТС објасни дека на учениците ќе им помагаат стручни лица „во составот на тимот што е формиран за кризни интервенции“, и додаде дека е формиран тим „кој ќе им пружи психолошка помош на учениците, родителите и вработените“.

На 3 мај, малолетниот ученик од тоа училиште со истрели од огнено оружје уби осум ученици и еден училишен чувар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.