Српската полиција три часа по инцидентот го уапси  Н.Ѓ. (20) осомничен дека вчера во 19.40 часот рани две лица во белградската населба Врачар. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа, пишува „Блиц“.

Како што вчера пренесоа српските медиуми, две лица беа ранети во претрелката, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет. По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар.

И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.

Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот „Мондо“.

Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.

Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.