Срѓан Ј., осомничен во Србија за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, одлучил да ја изнесе својата одбрана во наредниот период.
„Бранителот на осомничениот го известил ова обвинителство дека неговиот клиент сака да ја изнесе својата одбрана“, изјавија за Н1 од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Како што додаваат, рочиштето за осомничениот Срѓан е закажано за 4 јуни.
Срѓан Ј. по приведувањето се бранеше со молчење односно го искористил законското право да не изнесе одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го призна убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.