Заврши пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели на Република Српска и утврдено е дека најголем дел доби кандидатот на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изјави на седницата на ЦИК, Вања Бјелица Прутина.

Извештајот за пребројување на гласовите е усвоен на денешната 73. седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, но, не едногласно.

Главниот центар за броење во Зетра изминатиот период повторно ги преброја гласовите од над 2.000 избирачки места што се однесуваа на избор на претседател на РС, при што утврдени се различни неправилности, како што е неправилно пакување на гласачките ливчиња и кеси, недостиг од вреќи, фалсификувани гласачки ливчиња и слично.

За сите неправилности известено е Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Известувачот за состојбата во главниот центар за броење истакна и дека не им се доставени сите неискористени ливчиња, како ни сите вреќи, а членката на ЦИК, Вања Бјелица Прутина бараше одложување на усвојување на извештајот, односно утврдување на резултатите.

Таа изјави дека е незадоволна од извештајот на главниот центар за броење што, според нејзините зборови, во некои делови не дава никакви одговори, а смета дека со пронаоѓањето на исчезнатите вреќи, резултатот за потпретседателот на РС може да биде поинаков.

– Се наведува дека е нецелосен материјалот со 62 избирачки места, не се доставени 23 изводи од избирачкиот список. Недостатокот од овие места има влијание на целокупниот резултат во табелата број три што се неискористени ливчиња, вкупни ливчиња и слично, појасни таа.

На крај, таа додаде дека законодавецот на Изборниот закон на БиХ пропишува повторување на изборите во случаи кога ќе се утврдат нерегуларности при пребројувањето.

Членот на ЦИК, Владо Рогиќ посочи дека нема време за повторување на изборите, ниту средства, како и оти тоа не е можно поради неколку неправилности да се повторуваат избори затоа што тогаш тоа би се правело засекогаш.

Пребројување на гласовите бараше опозицијата од Република Српска поради сомнение за изборна кражба и уверување дека нивниот кандидат, Јелена Тривиќ, е победничка на изборите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.