Во Албанија случаите на коронавирус секојдневно се зголемуваат, односно се зголемува инциденцата на зараза, при што на некои од заразените им е потребна хоспитализација, потврдуваат стручни лица од Институтот за јавно здравје.
„Инциденцата е зголемена од 2,65 на 2,9 во текот на месец август на 100.000 жители. Не сме имале многу сериозни случаи, но во моментов треба да бидеме повнимателни бидејќи случаите почнаа нагло да се зголемуваат“, изјавила Ровена Даја, специјалист во Институт.
Според неа, повеќето од засегнатите се бебиња и новороденчиња.
„Забележлива е заразата кај деца, бидејќи нивните мајки не примениле вакцина против Ковид-19 во текот на бременоста и се незаштитени, а имаме и бебиња кои првпат доаѓаат во контакт со вирусот“, навела Даја.
Со доаѓањето на есенската сезона и присуството на нова варијанта во оптек, се очекува да се зголемат и случаите.
„Нова варијанта кружи низ сите европски земји, но не знаеме дали оваа варијанта е пристигната во Албанија. Дури и да дојде, тоа е подваријанта на Омикрон и вакцината што ја имаме заштитува. Во ЈЗУ ја добивме опремата и персоналот е обучен во виролошката лабораторија и во октомври верувам дека ќе направиме секвенционирање за да видиме дали новите случаи се од нова варијанта или не“, додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.