Три лица загинаа, пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во областа Ускудар во Истанбул, соопштија турските власти. Според турските медиуми инцидентот се случил на улицата Ајазма во областа Уналан. На пукотницата и претходела расправија меѓу две групи. Но расправијата прераснала во вооружен конфликт, пишува турски „Хуриет“.

„Кавга помеѓу две групи околу 20 часот и 10 минути во кафуле на улицата Ајазма во областа Ускудар Уналан прерасна во вооружен конфликт. Три лица го загубија животот, а пет лица се повредени, од кои две потешко. Повредените се згрижени во близина. Во болниците продолжува истрагата“, соопшти гувернерот на Истанбул



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.