Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, околу девет часот доживеал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ.

Како што соопшти српското МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место починал неговиот возач.

Љајиќ, кој се наоѓал во возилото, се здобил со неутврден степен на повреди и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што соопшти ТВ Н1, повикувајќи се на КЦ Ниш, лидерот на Социјалдемократската партија на Србија, има повреди на ребрата и не е во живна опасност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.