За ликот и делото на Никола Тесла се познати многу работи, но дали некој се запрашал како се хранел големиот научник и пронаоѓач? Имајќи предвид дека станува збор за еден од најголемите умови во историјата, може да заинтригира со што се хранел големиот научник за секогаш да ја одржува функцијата на неговиот мозок на највисоко ниво.

За време на неговиот живот, Тесла се обидел да ги реши некои од најголемите мистерии на науката. Брилијантниот пронаоѓач живеел необичен живот, а светот ќе го памети по измислувањето на наизменична струја.

Многумина често го нарекувале „чудак“ кој никогаш не се оженил, па неговиот начин на живот отсекогаш ја интригирал јавноста. Внукот на Тесла, Сава Косановиќ во една прилика откри детали за навиките кои ги имал славниот научник.

Тесла не пиеше алкохол, не пушеше, не земаше кофеин или други стимуланси. Дури го избегнуваше шеќерот како стимуланс. Наутро, по капење и гимнастика, јадеше четири варени јајца, млеко и многу малку леб. Напладне тој не јадеше ништо. Супа, риба навечер. Специјално набавена и подготвена за него, многу зеленило, на крајот едно јаболко. Без леб. Пиеше само вода – раскажа Косановиќ.

Никола Тесла почина на 7 јануари 1943 година на 86 години, сам и во долгови, на 33 кат на хотелот „Њујоркер“, а како причина за смртта се наведува срцев удар.

Тој е единствениот Србин по кој е именувана меѓународна единица мерка, единица мерка за густината на магнетниот тек или јачината на магнетното поле – Тесла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.