Одредени косовски медиуми напаѓачите кои синоќа пукаа во косовската полиција ги поврзаа со манастирот Бањска, каде во моментов се блокирани 50 верници од Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.
Никакви напаѓачи нема, ниту имало. Вчера во манастирот со својот свештеник пристигна група од околу 50 верници од Нови Сад. Се уште се таму, се е блокирано па не можат да го напуштат манастирот, исплашени се. Нив ги разбудиле утрово околу 2 часот силни детонации, имало многу пукање од околните ридови, се се тресело, кажа извор од манастирот на КоССев.
Се огласи и Рашко-призренската епархија на СПЦ која најостро го осуди последниот напад што се случи утринава кај селото Бањска, наведувајќи група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир.
Станува збор за сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се направи се за зачувување на мирот и редот. Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранетите ќе закрепнат што е можно поскоро, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека од Епархијата се многу загрижени бидејќи според последните информации заради безбедност, братијата од манастирот и верниците се заклучале во конаците на манастрот и се слушаат пукотници.
Група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот. Во моментов, како што беше соопштено, во манастирот има група на верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и братијата од манастирот, се наведува во соопштението.
„Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели“, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.