Романски автобус полн со патници рано утринава слета од автопатот кај Мурска Собота во Словенија.

Полициската управа Мурска Собота нешто по 5 часот добила информација за тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот меѓу Гачан и Мурска Субота во која учествувал автобус со странски таблички, објави порталот Собота.инфо.

Првите информации говореа дека загинале две лица, но подоцна бројот на жртви се зголеми на вкупно три.

Она што засега е познато е дека автобусот се движел кон Марибор и на делот од патот за село Гачани, автобусот слетал и се превртел.

Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот наутро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.