Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ”преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Македонија”.
И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла.
Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз.
Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”.
–Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочил тој.
Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ” се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.
– Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјавил Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.