Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека го поканил НАТО да постави воена поморска база во новото пристаниште Порто Романо, кое ќе се гради во Драч.
Се планира пристаништето Порто Романо да биде најголемото трговско пристаниште на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и воен дел.
Наскоро ќе се вратиме во Брисел за да ја продолжиме дискусијата во врска со нашиот предлог кој предизвика не само интерес, туку и желба за продлабочување на разговорите, за поставување на поморска база на НАТО во новото пристаниште Драч, во Порто Романо, која , покрај комерцијалниот дел, се очекува да има и воен дел“, рече Рама на прес-конференција.
Тој додаде дека воената база ќе биде изградена и кофинансирана од Албанија и НАТО.
Што се однесува до пристаништето, ние самите ќе го финансираме комерцијалниот дел, го поканивме НАТО да учествува во кофинансирањето на воениот дел. Тоа ќе има извонредна стратешка вредност за Албанија и самиот НАТО“, рече Рама.
Доколку се изгради, таа база нема да биде единствената база на НАТО во поранешната комунистичка Албанија.
Тоа ќе биде првата воздушна база на НАТО во Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.