Полицајци на велосипеди почнаа да патролираат долж албанското крајбрежје и се грижат за безбедноста на туристите.

Ова е многу ефикасен начин да се биде блиску до туристите на кои можеби им треба помош. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци. Полицајците-велосипедисти се во патрола и во готовност 24/7, соопшти полицијата.

Според истиот извор во сите туристички места зголемено е и присуството на полициските службници од сите сектори.

Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, долж крајбрежјето и во најфреквентните туристички места во земјата, во функција се ставени и 29 летни здравствени центри, што ќе даваат 24 – часовна услуга, а за таа цел се ангажирани 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи.

На располагање на туристите им е и бесплатната телефонска линија 127, на Националната итна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.