Актуелниот албански премиер Еди Рама е под истрага за случајот Мекгонигал, како и скорешниот извештај на американскиот Конгрес  во кој се наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, Рама и  неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле е околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Шефот на Специјалното обвинителство, Алтин Думани, на неформална средба со новинарите на крајот на годината даде одговори на неколку прашања кои се однесуваат на чуствителни теми за јавноста.

Запрашан за случајот „Рама-Мекгонигал“ во контекст на известувањето за СПАК од шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, во својот одговор г-дин Алтин Думани ја потврди регистрацијата на постапката, навестувајќи дека се спроведуваат истраги. И процедурално, првото име во истрагите во овој извештај е Еди Рама, пренесува Сури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.