Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека унгарското претседателство значително влијаело на одлуката за отворање на основните поглавја за членство на Албанија во Европската Унија.

Рама сподели неколку моменти од вчерашната посета на Унгарија и средбата со неговиот колега Виктор Орбан, опишувајќи го како „традиционален сојузник на Албанија и драг пријател“.

– Со традиционалниот сојузник на Албанија и драг пријател Виктор Орбан, во пресрет на одредениот ден на отворањето на „фундаменталните“ поглавја, главниот блок на преговорите за членство на „Албанија 2030“ во Европската Унија. Унгарското претседателство со ЕУ силно влијаеше на овој заслужен позитивен развој за Албанија, посочи Рама.

Рама и Орбан во заедничката изјава по средбата се фокусираа на билатералната соработка, процесот на интеграција на Албанија во ЕУ и други прашања.

Рама истакна дека тој и неговиот колега разговарале за можностите за проширување на билатералната соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.