Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Албанија има подготвен проект за производство на автомобили за потребите на државата, со домашна компанија, која до сега произвела амбулантни возила за Украина, но и за соседните земји Македонија, Бугарија, Турција.

Додаде дека овие автомобили ќе бидат пуштени во употреба за потребите на министерството за здравство, за внатрешни работи и Националната агенција за транспорт и нагласи дека проблемот со транспортот на наставниците исто така ќе биде надминат.

Создавањето на акционерско друштво за производство на возила за потребите на државата и за извоз е многу убав проект, кој ќе ни даде можност да произведуваме за потребите на Министерството за здравство, МВР, Националната агенција за транспорт и за извоз, врз основа на стручноста на една девојка Албанка, Арјета Пуца, со која го градиме овој процес, со нејзиното претпријатие, но кое победува на меѓународни тендери за испраќање амбулантни возила надвор од земјата – рече Рама.

Арјета Пуца е претприемач која моментално произведува амбулантни возила во нејзината фабрика во Албанија и беше избрана од ОН да произведе 500 амбулантни возила кои се испорачани во Украина.

Заедно со нејзиното семејство, Пуца ја основала компанијата „ТИМАК“ во 2016 година, произведувајќи над 150 амбулантни возила за албанските болници, како и за соседните земји како Македонија, Бугарија, Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.