Албанија и Холандија подготвуваат нов предлог за Европската Унија(ЕУ), вели албанскиот премиер Еди Рама. Тој објасни дека предлогот ќе биде артикулација на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска „втора лига“.
Макрон заговара нова европска политичка заедница на полето на реалниот европски живот.
„Ова е нова идеја за генерирање нова европска енергија и моќ, без (да биде) замена или заобиколување на процесот на проширување на Европската унија“, потенцира Рама.
Рама вели дека идејата за предлогот настанала при неговата посета на Хаг.
„Премиерот Марк Руте ме замоли заедно, како две пријателски земји, едната во корените на ЕУ, другата која сè уште не е во ЕУ, да запишеме заедничка гледна точка за тоа како треба идејата за нова европска политичка заедница да се спроведе“, додаде Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.