Албанскиот премиер Еди Рама вечерва, по вторпат реагираше околу состојбата на северот на Косово, овој пат по заедничкото соопштение на амбасадите на САД во Белград и Приштина.

Тој го поздрави заедничкото соопштение  со кое амбасадите побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.

– Потполно се согласувам. Силно и јасно за сите што сакаат да слушнат, напиша Рама  во  реакцијата.

Вечерва реагираше и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.

Тој ги повикува правосудните институции што поскоро да ги изведат  виновници пред лицето на правдата. и да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.

– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.

Апелира да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.

– Силно апелирам на неопходноста од избегнување на каква било провокација, а особено ескалација на каква било форма на тензија која ја поткопува безбедноста на Косово и која ги загрозува мирот и стабилноста во нашиот регион, апелира Мета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.