Во населбата Канак во хрватскиот град Сисак се случила престрелка, поради што е воведена вонредна ситуација. Според првичните извештаи на хрватските медиуми, машко лице пукало од калашников.
Медиумите додаваат дека има и мртви.
„Вечерњи лист“ наведува дека на терен има многу полиција, а целата населба е блокирана.
Засега не се знае што се случило со напаѓачот, истакнуваат од весникот. „Вечерњи“ ги пренесува и зборовите на сведоците дека маж пукал на улица и запалил две куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.