Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето.

Темата за  Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.

– Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Македонија, што веќе води до престапи од омраза – подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.

Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објанси на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Република Македонија.

Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање на санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.